Претпладне посончево, попладне локални врнежи

Времето во недела ќе биде сончево со мала до умерена облачност и релативно топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Во попладневните часови ќе има локална појава на пороен дожд со грмежи.

Утринските температури се движат од 4 до 9 степени, а максималните дневни соодветно ќе бидат во интервалот 15 до 24 Целзиусови степени.

Во Скопје денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне во делови од котлината ќе има услови за слаб краткотраен дожд и појава на ретки грмежи. Максималната температура ќе достигне до 22 степени.