СДСМ: Дали според Мицкоски и Вучиќ е корумпиран?

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, води хајка против најголемата инвестиција во инфраструктурата за изградба на коридорите 8 и 10Д, од страна на конзорциум „Бехтел – Енка“, кој во соседна Србија гради патишта врз основа на истиот договор како кај нас, тврдат во соопштение за јавности од владејачката СДСМ
„Kакво мислење има Мицкоски за вчерашниот настан на (спрскиот претседател Алескандар) Вучиќ при пуштањето во употреба на дел од автопатот во Србија којшто е реализиран од страна на истиот конзорциум Бехтел – Енка како и во нашата земја, со истиот специјален закон како и кај нас и со ист договор како и нашиот?
Дали Мицкоски смета дека српскиот претседател Александар Вучиќ е корумпиран од страна на Бехтел и Енка, САД и Турција? Дали смета дека договорот е криминален?
Дали, според Мицкоски,  Вучиќ згрешил? Дали Мицкоски знае колку часови работат спрските граѓани на автопатиштата во Србија?  Дали опозицијата во Србија ги блокира законите? Дали Мицкоски за време на неговите чести и интересни патувања во Белград како и средби со Вучиќ, меѓу другите активности во Белград, му ги кажал овие негови ставови и сомнежи?“, се додава во партискоот соопштение.