НБА плејоф: Кари запре на 50-ка, Вориорс останаа во игра за одбрана на титулата

Голден Стејт Вориорс ги победија како гости Сакраменто Кингс со 120:100 во решавачкиот седми натпревар од првиот круг од доигрувањето и така со 4-3 во победите останаа во игра за одбрана на титулата којашто ја освоија минатата година.

Несомнено херој во победата на Вориорс беше нивниот капетан Стив Кари кој постигна 50 коша со шут 20/38 а за „тројка“ 7/18, на што додаде и осум скокови и шест асистенции.

Покрај Кари, одлична партија пружи и центарот Кевон Луни кој собра дури 21 скок од кој 10 во напад, а покрај тоа уфрли и 11 коша и имаше четири асистенции.

Иако немаа добра шутерска вечер, свој придонес во победата имаа и Ендрју Вигинс со 17 коша и седум скокови, Клеј Томпсон со 16 поени, а Дрејмонд Грин врза по осум поени и скокови.

Вориорс го решија мечот во второто полувреме, во коешто влегоа со два поена заостанување (56:58). Но Кингс во вториот дел од натпреварот уфрлија само 42 коша а примија 64, од кои 30 им даде незапирливиот Стеф Кари.

Најдобар стрелец кај Конс во овој дуел беше Домантас Сабонис со 22 коша, на што додаде осум скокови и седум асистенции. Де’Аарон Фокс запре на 16 поени, а по 14 додадоа Малик Монк и Теренс Дејвис.

Вориорс нема да имаат премногу време за одмор од максималната серија, бидејќи веќе ноќта кон средата по средноевропско време (4 часот утрото) ги очекува првиот дуел од конференциското полуфинале, кога во својот „Чејс Сентр“ ќе ги пречекаат Лос Анџелос Лејкерс предводени Леброн Џејмс.