Кризата во Судан се претвора во целосна катастрофа, предупредуваат ОН

Хуманитарната криза во Суда се претвора во целосна катастрофа и би можела да се прелее на соседните африкански земји, предупредија ја од Обединетите нации и потсетуваат дека пред насилствата би можело да побегнат и повеќе од 800.000 луѓе.

„Борбите во Судан траат веќе повеќе од две седмици, а тој судир хуманитарната криза ја води во целосна катастрофа“, изјави координаторот на ОН за оваа земја, Абду Диенг.

Според него, цивилите бегаат во регионите на Судан кои се помалку зафатени од борбите или во соседните земји.

„Нѐ загрижува ефектот од прелевањето на кризата во соседните земји“, истакна Диенг.

Функционерот на ОН за хуманитарни прашања Мартин Грифитс ќе го посети Судан во вторник, објави Канцеларијата за координација на хуманитарните операции при светската организација.

Грифитс во понеделникот престојуваше во кениската метропола Најроби каде што разговараше за ситуацијата во Судан којашто ја опиша како „катастрофа“. „Мораме да пронајдеме начин да ја донесеме помошта за оваа земја и да ја распределиме според потребите“, објави тој на Twitter.

Повеќе од 500 луѓе се убиени а илјадници се ранети откако долгата борба за превласт во Судан меѓу поранешните сојузници суданската војска и паравоените Сили за брза поддршка (RSF) ескалираше во вооружен судир на 15-ти април. Насилствата го зафатија главниот град Картум, како и западната покраина Дарфур и покрај многуте ветувања за прекин на огнот.

„Без брзо решение на кризата ќе гледаме сѐ повеќе луѓе коишто бегаат во потрага за сигурност и пружање на некаква основна помош“, изјави функционерот на ОН, Рафул Мазу на брифингот во Женева.

Како што рече, во разговорот со заинтересираните влади и партнери, во ОН процениле дека околу 815.000 луѓе може да пребегаат во седумте соседни земји. Таа процена вклучува околу 500.000 Суданци, бегалци од отцепениот Јужен Судан и други области. Досега во Јужен Судан, Чад, Египет, Еритреја, Централноафриканската Република и Либија побегнале над 73.000 луѓе.

Армијата и RSF задно ја соборија владата во државен удар во 2021 година, која беше во преговори за отворање руска поморска база, меѓу другото, но сега се борат меѓусебно за превласт, со што го запреа процесот на транзиција кон парламентарна демократија и се закануваат со дестабилизација и на онака немирниот регион. Тој процес го поддржува меѓународната заедница, како што изјавија минатата седмица американските врвни дипломати Ентони Блинкен и Викторија Нуланд.

Судирот предизвика страв од избувнување тотална граѓанска војна, што натера во бегство десетици илјади луѓе во соседните земји. Конфликтот испрати десетици илјади луѓе преку границите на Судан и предизвика стравувања дека земјата може да пропадне, дестабилизирајќи го регионот, што ги натера странските влади да ги евакуираат своите државјани.

Главниот командант на армијата, генералот Абдел Фатах ал-Бурхан изјави дека нема да седне на преговарачката маса со командантот на RSF, генералот Мохамед Хамдан Дагало, попознат како Хемеди, кој пак рече дека ќе прифати разговори дури откако војската ќе ги прекине непријателствата. Војската главно во главниот град Картум се бори против силите на RSF кои се втаборени во станбените области.