Во единствениот натпревар во понеделникот вечерта во рамките на 34-то коло од англиското фудбалско првенство Лестер Сити и Евертон ги поделија бодови играјќи 2:2 (2:1).
Двата тима кои се борат за опстанок во Премиер лигата одиграа драматичен дуел исполнет со пресврти по кој на секој му припадна по бод.
Поведе Евертон од пеналот кој го реализираше Доминик Калверт-Левин во 15 минута, но домашните направија пресврт со погодоците на Чалгар Сојунчу во 22 и ветеранот и најдобар стрелец во историјата на клубот Џејми Варди во 33 минута. А меѓу двата гола на Лестер, гостинскиот напаѓач Калверт-Левин го стори не возможното кога од само два метра осамен практично му ја додаде топката на домашниот голман Иверсен.
Лестер можеше и да дојде до два гола предност, кога во судиското продолжение на првото полувреме ударот од белата точка на Медисон го одбрани гостинскиот голман Пикфорд. Во второто полувреме Алекс Ајоби успеа да погоди за конечните 2:2.
Лестер со овој бод успеа да побегне до зоната на испаѓање, но само поради подобрата гол-разлика, сега е 16-ти со 30 бодови, колку што имаат и 17-от Лидс Јунајтед и 18-от Нотингем Форест, додека Евертон и натаму е претпоследен 19-ти со 29 бодови. Последен е Саутемптон со 24 бодови.
На врвот на табелата е Манчестер Сити со 76 бодови, а еден помалку со натпревар повеќе има второпласираниот Арсенал.