Јокиќ го предводеше Денвер до нова победа над Феникс, Филаделфија направи брејк во Бостон

Српскиот кошаркарски репрезентативец Никола Јокиќ одигра фантастичен меч, Денвер со 97-87 го победи Феникс и поведе со 2-0 во полуфиналната серија на западот, Филаделфија со 119-115 победи на гостувањето кај Бостон и поведе со 1-0.

Денвер одигра неверојатна одбрана во последната четвртина која ја доби со 27-14 и со пресврт дојде до триумфот од 97-87 и нова победа во серијата од полуфиналето на Западната Конференција.

Џемал Мареј овојпат имаше скромен учинок со десет поени, но истапи Никола Јокиќ кој постигна 39 поени и имаше 16 скокови. Во составот на Феникс најдобар беше Букер со 35 поени, Дурент постигна 24 поени.

Филаделфија направи изненадување откако го совлада Бостон на негов терен со 119-115 и поведе со 1-0. Џејмс Харден постигна дури 45 поени, во составот на домаќините најдобар беше Тејтум со 39 поени и 11 скокови.