
На 01.05.2023 во 16:45 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на регионалниот пат с.Маврово-Ниќифорово се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „бмв“ со гевгелиски регистарски ознаки, управуван од З.А.(43) од Тетово и патничко возило „фолксваген венто“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Ф.С.(55) од с.Голема Речица, тетовско.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, а четворица сопатници од патничкото возило се здобиле со телесни повреди констатирани во Општата болница Гостивар.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гостивар.