
ЕВН известува дека, поради технички зафати во електро дистрибутивната мрежа, денеска без струја ќе бидат дел од корисниците во општините Аеродром и Сарај.
Од 08:30 до 11:30 часот, без струја ќе бидат корисниците од дел од улица „Блажо Орландиќ“ во општина Аеродром.
Во истата општина, од 09:00 до 11:00 часот, без електрична енергија ќе бидат корисниците од бул. АСНОМ, бр. 16, бр. 18, и бр. 24.
Од 11:30 до 13:30 часот, корисниците од бул. АСНОМ, бр. 30 и бр. 32.
Од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од селата: Ласкарци, Раовиќ, Буковоќ и Семениште во општина Сарај.