Ученик од седмо одделение (14) е уапсен по пукањето во основно училиште „Владислав Рибникар“ во белградскаата општина Врачар поради сомнение дека пукал во училиштето со пиштолот на неговиот татко, при што едно лице убило, а неколкумина се повредени.
Пред основното училиште во Врачар во моментов има голем број полициски екипи, неколку амбулантни возила, но и многу загрижени родители.
Според медиумите, осомничениот ученик по пукотниците побегнал од местото, но полицијата набрзо го уапсила.
Момчето го застрелало поранешниот учител со пиштолот од неговиот татко, го убил чуварот, а бројот на ранети сѐ уште не е познат. Притоа се наведува дека со себе имал и пет полни шаржери.
Шокантни се сцените пред училиштето, учениците се вознемирени поради се што се случи. Шокирани родители пристигнуваат и пред училиштето.
Децата се исплашени и преплашени, засега се чуваат во училници и, како што дознаваат медиуми, постепено ќе бидат пуштани, прво помладите, па повозрасните. На местото на настанот пристигнала екипа на вештачење, како и министерката за здравство Даница Грујичиќ.