Во болна атмосфера започна кошаркарскиот натпревар Партизан – Реал Мадрид. Во салата владееше целосна, застрашувачка тишина, која потврди дека во Белград се случило нешто навистина страшно – масакрот во основното училиште „Владислав Рибникар“, во кој еден ученик одзеде девет животи.
На лицата на кошаркарите се забележуваше тага, а игралите на Партизан на теренот излегоа со маици со натпис ОУ „Владислав Рибникар“.
Навивачите на Партизан пред натпреварот ја истакнаа голем транспарент со силна пораката.
-Одалечувањето од традицијата, верата и семејството секогаш остава трагични последици. Покој на душите на сите жртви од основното училиште „Владислав Рибникар“, пишува на транспарентот.