Петровска со американски конгресмени: Соработката со САД во одбраната е на највисоко ниво

Стратешкото партнерство меѓу Македонија и САД, одличните билатерални одбранбени односи, осудата на руската агресија врз независна и суверена Украина, безбедноста во регионот и пошироко, биле темите за кои денеска во Министерството за одбрана разговарале министерката за одбрана Славјанка Петровска и делегацијата на американски конгресмени предводена од конгресменот Верн Бјукенен.

Средба Петровска Верн Бјукенен,  посветен сојузник кој цврсто верува во заедништвото и во вредностите кои нè поврзуваат. Соработката со САД, нашиот стратешки партнер со кој развивме стратешки дијалог е на досега највисоко рамниште. Поддршката од САД минатата година достигна близу 50 проценти од националниот буџет за одбрана што е уште една потврда за долгорочната и одлучна поддршка на стабилноста на Република Северна Македонија од стратешкиот партнер. Стратешкото партнерство и пријателство со САД и нашето инвестирање во опремувањето на Армијата, овозможуваат да се остварат зацртаните проекти на опремување и модернизација и да ги исполниме НАТО целите на способности“, нагласила министерката Петровска.

Таа се заблагодарила за долгогодишната поддршка што македонската Армија ја прави уште посилна, поспособна и опремена со современо вооружување и опрема.

Во однос на безбедносната состојба, министерката за одбрана истакнала дека Северна Македонија била јасна од самиот почеток, во осуда на руската агресија врз Украина.

„Северна Македонија беше и јасна и гласна од почетокот на агресијата – дека таа претставува целосно прекршување на меѓународниот правен поредок и дека мора да запре. Истовремено ние донесовме серија на одлуки со кои ја поддржавме Украина која има право да ја одбрани својата територија и својот народ, истакнала Петровска, стои во соопштението од Министерството за одбрна.

Конгресменот Бјукенен, во име на целата делегација, ја поздравил континуираната поддршка од Северна Македонија за одбрана на Украина од руската агресија и изразил поддршка за силното партнерство и сојузништво меѓу двете земји.