Рамзан Кадиров објави дека единиците од Чеченската република се подготвени, доколку е неопходно, да ги заменат борците на приватната воена компанија „Вагнер“ во борбите за Бахмут, на истокот од Украина во доминантно руската област Доњецк, чиј челник Евгениј Пригожин во петокот сабајлето објави дека поради недостиг од муниција можно е платеничката формација да се повлече од боиштето.
„… Ако постариот брат Пригожин и ‘Вагнер’ заминат, тогаш Генералштабот ќе изгуби искусна борбена единица, а помладиот брат Кадиров и ‘Ахмат’ ќе го заземат своето место во Артемовск (рускиот назив за Бахмут) (…) Нашите борци се веќе подготвени да ги заземат преостанатите два километра не по цена на животите на војниците, туку како резултат не меѓусебно разбирање, поддршка, решителност н акомандата и орците да ја исполниме наредбата на Врховниот командант Владимир Владимирович Путин“, напиша во петокот вечерта Кадиров на својот профил на апликацијата Telegram.
Во петокот утрото Пригожин во видео порака ја објави својата намера да ги повлече единиците на „Вагнер“ од Бахмут на 10-ти мај поради „недостиг од муниција“. Рече дека борците до тој ден ќе останат на позициите, а потоа ќе се „повлечат во заднинските кампови“ и таму да ги „залечат раните“ и да го сочуваат составот на единиците од загуби.
На редовниот дневен брифинг со новинарите во Кремљ, портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков изјави дека во претседателството се запознаени со изјавата на Пригожин дека нема да ја коментираат, бидејќи „тоа се однесува на текот на специјалната воена операција“, како што Москва ја нарекува инвазијата во Украина.
Во петокот вечерта, пак, Пригожин излезе со друга изјава во којашто порача дека единиците на „Вагнер“ сѐ уште имаат можности да напредуваат во Бахмут, и покрај „тешкиот недостиг од муниција“.
„…. Единиците на ‘Вагнер’ денеска напредуваа во различни правци до 170 метри и заземаа 59.500 квадратни метри од градот. Под контрола на непријателот остануваат 2.520 квадратни километри“, Како што реков денеска, сѐ уште ни остануваат можности да напредуваме во Бахмут до крајот на денот на 9-ти мај“, изјави Пригожин во најновата објава на Telegram.
Западните аналитичари сметаат дека тлее ривалски конфликт меѓу платеничката приватна војска на Пригожин, кој важи за близок на претседателот Путин, и воениот врв. Но, некои и се претпазливи, сметајќи ги таквите изјави кои се редовни во изминатите месеци се дел од руската кампања на дезинформации. Во Киев проценуваат дека Москва сака на 9-ти ден, кога го прославува Денот на победата над нацизмот, да прогласи и дефинитивно заземање на Бахмут.
Руските сили со месеци континуирано правеа минимални придвижувања дневно во обидот да го заземат градот кој пред војната имаше околу 70.000 жители, и исто толку украински војници чијашто цел е одбрана на командата на украинската армија за областа Донбас. Бахмут, како што покажуваат снимките објавувани и во украинските и во руските медиуми, како и на социјалните мрежи, е уште подобро утврден од големиот фабрички комплекс „Азовстал“ крај јужниот град Мариупол за кој руските војски исто талка водеа истоштувачки борби пред заземањето ланскиот мај.
На почетокот од март претседателот Зеленски и украинскиот воен врв се согласија Бахмут да биде бранет по разногласијата околу тоа дали да се остане да се брани градот или да се заземат други одбранбени позиции во неговата заднина и сугестиите од западните сојузници да ги поштедат од загуби и да ги повлечат елитните единици од тој дел на фронтот.
Бахмут се наоѓа на 55 километри североисточно кон централна Украина од милионскиот град Доњецк, во северниот дел од истоимениот регион крај местото Горловка. Станува збор за важен логистички центар за украинската групација војски во целата област Донбас. Бахмут се наоѓа и на главниот патен правец кон градовите Славјанск и Краматорск, и двата во индустрискиот регион Донбас, а од нив се отвора простор за руско напредување кон централна Украина.
Западните аналитичари, откако ги истакнуваа повиците на САД до украинскиот врв да ги повлече и да ги поштеди елитните единици од Бахмут кои беа повторени и на почетокот од седмицата, последните месеци тврдат дека утврдениот град има мала стратешка важност наспроти претходните тврдења, иако неговото заземање „би било поттик за рускиот претседател Владимир Путин и неговата војска по серијата неуспеси“. Киев вели дека загубите што ги претрпела Русија во битката кај Бахмут може да го одредат текот на војната, при што се очекува Украина да започне контраофанзива кога ќе се подобрат временските услови и ќе добие повеќе западна воена помош, вклучително и тенкови и авиони.