Скандал: Врховниот суд на 26 април го усвојува, а на 3 мај го одбива Барањето на осудените за 27 април за ново судење

Соопштение од Единствена Македонија:

Единствена Македонија изразува шокираност од случувањето во Врховниот суд по повод Барањето на осудените за 27 април за Вонредно преиспитување на правосилна пресуда.

Одлуката на петчлениот судски совет на седницата од 26 април била во насока на усвојување на Барањето и укинување на пресудите на Основниот и Апелациониот суд Скопје. Но, под влијание од надвор првичната одлука се стопира и на седницата од 3 мај се носи одлука за одбивање на Барањето.

Важно е да се каже, се до писменото изготвување и потпишување на одлуката, во секое време може да се промени првична одлука и да се одржи нова седница на која предметот повторно се изнесува пред советот, што и се прави во случајот по брзопотезното влијание кое дошло надвор од судската зграда.

Ова е преседан и скандалозно однесување на највисокиот суд. За првпат од 1945 година кога е основан Врховниот суд се расправа двапати на нејавна седница за ист предмет, во случајот на 26 април и 3 мај. Дотолку повеќе, нема потреба од втора седница ако се знае дека пред одржување на нејавна седница се е разјаснето во смисла дека судијата известител го има изработено писмениот извештај кој им бил доставен на сите судии во советот со сите потребни списи најдоцна 8 дена пред денот на одлучување, така што, на седницата само се носи одлуката бидејќи судиите претходно веќе имаат оформено свое мислење и си носат одлука на 26 април, но, за жал, следува нов собир на судскиот совет на 3 мај.

Цела Македонија знае дека марионетската власт во Скопје ги осуди лицата за 27 април со лажен заштитен сведок Ц1 преку непристоен пазар – осуда за 27 април во замена за судска функција. Според логиката на политиката има осуда, според логиката на правото треба да има слобода и правда. Одговорност за неправено осудените за 27 април мора да има, и ќе има.