Американскиот претседател Џо Бајден повторно во неделата го повика Конгресот да ги забрани продажбата и поседувањето на јуршните пушки, ден по пукањето во посетуваниот трговски центар крај Далас, во сојузната држава Тексас кога беа убиени девет лица.
„Повторно го повикувам Конгресот да го усвои законот со кој се забрануваат автоматските пушки и магацините со голем капацитет. Да се воведе кривична и психијатриска проверка. Да се бара безбедно чување (на оружјето). Да се укине имунитетот за производителите на оружјата. Веднаш ќе го потпишам“, рече Бајден во изјавата.
Вооружениот напаѓач во саботата во трговскиот центар северно од Далас отвори оган и уби девет луѓе а рани уште седум други, соопшти полицијата, чиишто припадници смртно го застрелаа. Меѓу жртвите има и деца, потсети Бајден.
„Потребно ни е повеќе акција, и тоа побрзо, за да спасиме животи. Премногу семејства имаат празни столчиња околу своите маси. Републиканските членови на Конгресот не можат да продолжат да одговараат на оваа епидемијата со слегнување на рамениците. Мислите и молитвите на Твитер не се доволни“, истакнува во изјавата Бајден.
Сепак, неговиот повик има малку изгледи да доведе до забрана во Конгресот. Сите обиди во САД да се воведе построга контрола на оружјето историски се покажаа тешки, имајќи дека демократите принципиелно се согласуваат со тоа а републиканците, кои сега имаат мнозинство, се противат, но малку конкретни мерки се преземаат за сузбивање на ваквите појави, главно поради влијанието на моќното лоби на Националната пушкарска асоцијација (NRA).