НБА плејоф: Филаделфија по продолжување израмни на 2-2 со Бостон

По големата борба и победата после продолжението со 116:115 на домашен паркет ноќта кон понеделникот, кошаркарите на Филаделфија 76ерс израмнија против Бостон Селтикс на 2-2 во полуфиналната серија до четири победи од доигрувањето во Источната конференција на НБА лигата.

Играч на натпреварот за домашните беше Џејмс Харден кој постигна 42 поени со шут 16 од 23 обиди, но и на 19 секунди до крајот од продолжението погоди „тројка“ за победничките 116:115. Последниот напад на Бостон заврши со кош, Маркус Смарт погоди „тројка“ за победа но тоа го стори само миг откако исече времето.

По првото полувреме, имајќи предвид сѐ што се случуваше на паркетот, Филаделфија имаше само 9 поени предност (59:50). Имено, Ембиид и Харден беа незадржливи за Бостон на така Ембиид во првиот дел постигна 19 а Харден 21 поен, додека од другата страна најголемиот адут на Бостон, Џејсон Тејтам, во првото полувреме постигна само 2 поена.

Во продолжението од мечот Филаделфија ја одржуваше предноста, но никако не успеваше да го скрши Бостон. Гостете ја чекаа својата шанса за пресврт, и на крајот ја дочекаа.

Иако Сиксерс водеа во текот на целиот натпревар, на три ипол минути до крајот Селтикс поведоа со 98:96. Потоа Брогдон и Самрт постигнаа „тројки“, и се чинеше дека Бостон по големиот пресврт ќе слави во регуларниот 48 минути.

Меѓутоа, на 16 секунди до крајот Харден погоди за израмнување 107:107, а Смарт со звукот на сирената го промаши обидот за „тројка“. Само 15 поени постигна Филаделфија во последната четвртина, со тоа што Ембиид тогаш беше сосема незабележителен, целосно запрен од одбраната на Хорфорд.

Но годинешниот МВП во регуларниот дел од сезоната, Ембиид потоа се разбуди. Неизвесно беше во текот на сите пет минути од продолжението, но на крајот последната топка ја зема и погоди Харден.

Со 42-та коша Харден кај домашните Ембиид додаде 34 со 13 скокови. Кај Бостон, Тејтам впиша 24 поени, со 18 скокови, 6 асистенции и 4 блокади. Џејлен Браун додаде 23 а Смарт 21 кош. Хорфорд впиша 6 блокади.

Серијата до четири победи сега е израмнета на 2-2 и се враќа во Бостон, каде што ноќта кон средата ќе се игра петтиот натпревар.