Кина ѝ се закани на ЕУ со контрамерки во случај на санкции против нејзини компании

Кина ќе ги заштити своите интереси во случај на санкции од ЕУ против седум кинески технолошки компании поради нивната испорака на опрема за Русија, објави во понеделникот портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Ванг Венбин.

„Ако медиумските извештаи се покажат како вистинити, ваквите дејствија од европската страна сериозно ќе ја поткопаат меѓусебната доверба и соработка меѓу ЕУ и Кина“, истакна тој на брифингот.

На прашањето да ги коментира информациите дека седум кинески компании наскоро би можеле да бидат под санкции на ЕУ поради испорака на опрема за Русија, тој одговори: „Европската страна не треба да погреши, инаку Пекинг ќе биде принуден решително да ги заштити своите рационално оправдани законски права“.