Гитарата на Курт Кобејн ќе биде понудена на аукција

Гитарата којашто на сцената ја уништи Курт Кобејн, покојниот фронтмен на американскиот бенд Nirvana, подоцна месецов ќе биде понудена на наддавање во САД.

Гитарата е повторно составена, но повеќе не може да се свири на неа, вели Коди Фредерик од аукциската куќа Julien’s Auctions, која очекува дека инструментот ќе биде продаден за околу 80.000 долари.

„Можете да ја видите пукнатината која настанала кога ја удрил гитарата. Курт Кобејн, кога беше на сцената, кога свиреше, беше машина. Човекот беше лут и можевте тоа да го почувствувате на сцената. Би го почувствувале тоа поради начинот на кој се однесување кон своите инструменти. Скршен предмет, на чуден начин, на овој скршен музичар, кој навистина го одреди тој груб период на музиката“, вели Фредерик за AFP.

Црната гитара „Fender Stratocaster“ е потпишана од сите тројца членови на бендот од Сиетл, додека се искачуваа кон светската слава.

Хитовите на Nirvana, од кои многу ги напиша Кобејн, вклучително и „Come As You Are“, „Lithium“ и големиот хит „Smells Like Teen Spirit“ кој стана химна на генерациите оттуѓени тинејџери.

Кобејн се измачуваше со зависноста од хероин и се справуваше со депресија, а имаше и бурен однос со својата сопруга Кортни Лав. Си го одзема животот во април 1994 година.

Наддавањето, кое ќе се одржи во Њујорк меѓу 19-ти и 21-ви мај, исто така, вклучува и листа со песни кои со розов фломастер ги запишал Кобејн за концертот во Сиетл во 1991 година, за кој се очекува дека може да биде продаден за 6.000 долари. На тој настап првпат е изведена и „Smells Like Teen Spirit“, неколку месеци пред објавувањето на албумот „Nevermind“, кој е продаден во повеќе од милиони примероци.

Предмети од кариерите на други славни музичари како Еди Ван Хален, Елвис Присли, Фреди Меркјури и Бил Вајман, исто така, ќе бидат понудени на истата аукција.