
Главниот директор на италијанската радиотелевизија РАИ поднесе во понеделникот оставка, а уште два директори на опери најавија слични потези, известува AFP и додава дека политичките противници на премиерката Џорџа Мелони сметаат дека тоа е резултат од притисокот од нејзината десничарска влада на местото во тој јавен сервис и во престижните културни установи да постави свои луѓе.
Карло Фуортес денеска објави дека го напушта местото извршен директор на RAI, наведувајќи ги како причина притисоците кои врз него ги вршела власт.
„Повеќе не постојат услови за мене за да продолжам да ја работам својата работа“, изјави Фуортес.
Во писмото до министерствата за економија и за финансии, од кои зависи функционирањето на јавниот радиодифузен сервис, Фуортес појаснува дека одбил да спроведе уреднички и програмски измени за коишто смета дека „не се во интересот“ на RAI.
Фуортес, кого на челното место во RAI го именуваше владата на претходниот премиер Марио Драги, истакнува дека „од почетокот на 2023 година постои политички судир кои се однесува на неговата позиција и него лично и кој ја ослабел RAI“.
Пред доаѓањето во RAI, Фуортес ги водеше Театрите и оперите во Рим, и требаше, по доделувањето на златната плакета, да ја презема Операта во Неапол.
Меѓи другото, Советот на министри минатиот четврток усвоил одлука со којашто им се наложува на сите директори на театрите повозрасни од 70 години да отстапат од своите позиции најдоцна до 10-ти јуни годинава.
Поради одлуката, во таквата ситуација се наоѓа актуелниот директор на Операта во Неапол, Французинот Стефан Лиснер. Од пред неколку години, престижните италијански институции од областа на културата, имено, ги именуваат првите луѓе по меѓународни конкурси.
Директорот на славната миланска Ла Скала, Доминк Мејер, поради споменатата одлука, својата должност ќе може да ја врши до 2025 година.
Челникот на група мали левичарски партии, Николо Фратојани, смета дека владејачките десничарски партии сакаат да ја преземат контролата над јавниот аудиовизуелен сектор.