
Пo трагичните настани кои ја завијаа Србија во црно, српското Министерството за внатрешни работи ги повика сите лица кои поседуваат нерегистрирано оружје да им го предадат на властите во периодот од 8 мај до 8 јуни.
Само за еден ден во полициските станици се предадени 1.500 парчиња оружје и 50.000 куршуми над 100 бомби, золја.
Освен можноста за нивно лично предавање, граѓаните можат да предадат нерегистрирано оружје, муниција и експлозивни направи без да излезат од дома, со јавување во најблиската полициска станица, која ќе испрати патрола на дадената адреса и ќе го собере оружјето.
Граѓаните кои ќе предадат нерегистрирано оружје нема да одговараат ниту кривично, ниту ќе сносат некакви последици и не мора да го докажуваат потеклото на оружјето.