Четворица врсници силувале малолетник во велешкиот Поправен дом

Шокантно е што настанот од 19 мај, а за првпат во полиција е пријавен дури на 16 ју­ни. Дотогаш го немало во ниеден билтен на МВР, бидејќи затворските служ­бе­ни­ци го прикриле, а не го известиле ни Обвинителството, пишува утрешен „Вест“.

Станува збор за случај во кој малолетник бил силуван во самица од страна на четири врсници во Поправниот дом во Велес, за што во моментот за прикривање се гонат раководителите.

Тој ден надлежните од­лу­чи­ле дека детето што пријавило силување, не треба да се однесе ни на лекар. Про­це­ни­ле дека е доволно само да се заведе во книгата за дневни настани, и слу­ча­јот така да се заборави.