
Италијанското министерство за надворешни работи во понеделникот објави дека на сите италијански државјани кои сѐ уште се наоѓаат во Украина, „силно им препорачува“ да ја напуштат земјата.
Предупредувањето е издадено по „сѐ потешките ракетни напади врз Киев и ширум целата украинска територија“, објави министерството на својата интернет страница за безбедно патување „Viaggiare sicuri“.
„Патувањето во Украина, на кој и да е начин, силно не се препорачува“, вели министерството и ги повика сите оние кои одат во таа земја „на работа“ да ги „преземат мерките за спречување и избегнување на ризикот“ и да бидат „максимално претпазливи“.
Русија во понеделникот го започна најголемиот досега удар со беспилотни летала во Украина во изминатите месеци. Во понеделникот вечерта, пак украинските медиуми известуваат дека на речиси целата територија на земјата е издадена воздушна тревога, а според некои непотврдени информации детонации се слушале во западниот град Харков.
Истовремено Украина се подготвува за голема копнена противофанзива најавувана повеќе месеци.