Доделени престижните Пулицерови награди за американските медиуми

Агенцијата Асошиетед прес (Associated Press) ја доби Пулицеровата награда за јавен сервис за 2023 година за известување за време на војната за опколениот украински град Мариупол, додека весбикот Њујорк Тајмс (New York Times) ја однесе наградата за меѓународно известување за своите стории за руската инвазија на Украина.

Новинарката на Вашингтон пост (Washington Post), Керолин Киченер, ја доби националната Пулицерова награда за известување за прашањето на абортусот во Соединетите држави, откако Врховниот суд минатата година ја укина пресудата од 1973 година „Ро против Вејд“, со која се легализираше постапката на национално ниво.

Агенцијата Ројтерс (Reuters) беше финалист за домашните приказни за известувањето за детскиот труд, како и за меѓународното известување за истражувачката серија што ги разоткрива кршењата на човековите права на нигериската војска врз жените и децата за време на нејзината борба против исламистичките милитанти.

Весникот Волстрит журнал (Wall Street Journal) ја освои Пулицерова награда за истражувачко известување за откривање на финансиски конфликти на интереси меѓу службениците во десетици федерални агенции.

Весникот Лос Анџелес Тајмс (Los Angeles Times) го освои Пулицерот за „вонредна вест“ за откривање на тајно снимен разговор меѓу градските власти во кој имало расистички коментари.

Годишните Пулицерови награди, првпат доделени во 1917 година, се најпрестижните во американското новинарство. Тие се именувани по издавачот на весникот Џозеф Пулицер, кој починал во 1911 година.

Во својот тестамент, Пулицер оставил пари за доделување награди и за основање на школа за новинарско на Универзитетот Колумбија. Наградата се доделува и во осум категории за книги, музика и драма.