
Нова сообраќајна несреќа се случила утрово на свиокот меѓу штипските села Чардаклија и Долни Балван, на регионалниот пат Штип-Кочани, јави телевизијата „Ирис“.
26-годишниот М.А. од кочанското село Оризари, со својот автомобил марка „бмв“ рано утринава излетал од коловозот и завршил во нивите. Пренесен е во Клиничката болница Штип, каде што му се констатирани тешки телесни повреди и е задржан на лекување на Одделението за хирургија.
Возачите на оваа делница реагираат дека утринава коловозот по кој се движел 26 годишниот М.А. бил целиот покриен со масло или нафта која се излевала од некој камион, поради што и не можел да закочи на свиокот.
Жителите на Чардаклија велат дека постојано се случуваат несреќи од Долни Балван до Крупиште и сметаат дека освен сообраќајни знаци, надлежните треба редовно да ги чистат коловозите.