Во Бања Лука почина дете од вирусот Западен Нил

Шестгодишно дете од Бања Лука почина ноќеска од последици од вирусот Западен Нил, потврдија денеска од Универзитетската болница во тој град.

Детето претходно престојувало на море, каде што најверојатно е заразено, јавија локални медиуми.

Станува збор за изолиран случај и не постои опасност од епидемија, бидејќи болеста не е специфична за тој реон, наведуваат од Клиничкиот центар. Детето било примено на 7 август во Одделението за интензивна нега на Клиниката за детски болести.