Есента во Македонија и на целата северна хемисфера календарски почна денеска во 4 часот и 29 минути. Во исто време на јужната полутопка на Земјата ќе настапи пролетта.
На првиот есенски ден според синоптичарите ќе биде променливо облачно и свежо, претпладне со локален дожд. Ќе дува засилен северозападен ветер. Минималната температура ќе биде осум, а максималната ќе достигне до 21 степен.
Есента ќе трае до 22 декември во 00 часот и три минути кога календарски ќе почне зимата