Советникот на Белата куќа за национална безбедност, Џејк Саливан, ја истакна неопходноста од смирување на тензии во разговорот со шефот на израелскиот Совет за национална безбедност Ицак „Цахи“ Ханегби, објави Белата куќа.
Израел во средата втор ден со ред гаѓаше цели на милитантната група Исламски џихад во палестинската енклава Појасот Газа, а палестинските милитанти истрелаа стотици ракети врз израелската територија, активирајќи го сирените за воздушна тревога дури до Тел Авив, додека Египет повторно ги започна напорите да посредува во прекинот на борбите.
Израелската војска соопшти дека палестинските милитанти од Газа истрелале повеќе од 460 ракети, а дека нејзините сили погодиле повеќе од 130 цели на палестинската територија, во најжестоките борби во последните девет месеци.
Шест лица загинале а 45 се ранети во Газа, соопштија палестинските медицински извори. На израелската страна имало неколку лица кои се повредиле додека трчале кон засолништата, а повеќето палестински проектили биле пресретнати или паднале во отворени области.
Новите удари следеа ден откако беа убиени 15 Палестинци во израелските напади во Газа, меѓу кои и деца и тројца високо позиционирани команданти на Исламскиот џихад. Оваа милитантна група, втората најголема по Хамас кој од 2007 управува со Појасот Газа, порача дека ќе ја одмазди смртта на своите команданти.
Во телевизиското обраќање во средата ноќта израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху предупреди дека израелската воена „кампања не е завршена“.
„Му го зададовме на Исламскиот џихад најголемиот удар кој некогаш ги претрпел“, рече Нетанјаху алудирајќи на истовремените ликвидации на тројцата команданти во воздушни удари во раните утрински часови во вторникот.
Неколку часа пред обраќањето на Нетанјаху, египетските медиуми објавија дека Египет посредувал во настојувањата да запрат непријателствата, но нема непосредна потврда од двете конфронтирани страни. Набрзо потоа истрелана била уште еден ракетен оган кон јужен Израел и следеле нови удари во Газа.
Хамас, која главната организација којашто ги претставува вооружените фракции во Газа, претходно предупреди дека Израел, доколку ја продолжи агресијата „го чекаат црни денови“.