Ќе се поставува камен-темелник на Коридорот 10Д, патот Битола-Прилеп два часа ќе биде затворен

Од 10 до 14 часот денеска ќе биде затворен патот Битола-Прилеп, а сообраќајот ќе биде пренасочен по стариот пат кај клучката Лагово и клучката Тополчани, информираше СВР-Битола.

Причината за затворањето на патот е поставување на камен-темелник на Коридор 10Д.

„Денеска во времето од 10.00-14.00 часот патот Битола – Прилеп поради поставување на камен темелник на коридор 10 Д сообраќајот на магистралниот пат А-3 ќе биде пренасочен по стариот пат кај клучка Лагово и клучка Тополчани. Се замолуваат возачите да ги почитуваат насоките кои ги даваат полициските службеници“, се вели во соопштението на СВР-Битола