
Во недела во Македонија ќе провладува променливо облачно време со сончеви периоди. Попладне и кон крајот на денот ќе има појава на локален пороен дожд, претежно во западните делови.
Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, кој на места долж Повардарието повремено ќе засилува.
Утринската температура се движи од 4 до 23, а максималната дневи ќе бидат во интервал од 17 до 23 Целзиусови степен.
Во Скопје и Скопската котлина денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Кон крајот на денот ќе има повремен дожд, а максималната температура ќе достигне 22 степени.