
Државните службеници во Грција денеска ќе започнат 24- часовен штрајк во знак на протест поради намалување на бројот на работни места во државните институции.
Според грчки суд овој протест е незаконски и штетен и го повика Синдикатот на државните службеници АДЕДИ да не протестира.
Владата во Атина до крајот на годината треба да отпушти 6.500 државни службеници, врз основа на обврските преземени пред меѓународните кредитори.
Државните болници поради штрајкот ќе примаат само итни случаи.
Грција започна со целосна реорганизација на државната администрација, што беше услов за добивање на финасиската програма за спас, договорена со „тројката“ меѓународни кредитори – ЕУ, ЕЦБ и ММФ.
Според договорот со „тројката“, од 1 ноември треба да започне прилагодувањето на новите организациони шеми во Грција, чија цел е развој во јавната потрушувачка