Променливо облачно и потопло, со повремени врнежи

Работната седмица во Македонија ќе започне со претежно променливо облачно време, но потопло со повремени врнежи од дожд, а попладне со услови за појава на грмежи.

Ќе дува слаб до умерен, долж Повардарието засилен ветер од југоисточен правец.

Утринските температури се движат во интервалот меѓу 8 и 12, додека соодветно максималните дневни ќе достигнат од 14 до 22 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и со умерен до засилен југоисточен ветер. Температурата ќе достигне 21 степен.