Остриот пад на побарувачката на гас го скастри извозот на Норвешка

Вишокот од трговската размена на Норвешка со светот остро се намалил во април, што го одразува падот на извозот поради намалената побарувачка на гасот и растот на увозот, покажаа во понеделникот објавените податоци.

Норвешкиот трговски суфицит се намалил во април за 33 отсто во однос на истиот минатогодишен период, на 76,1 милијарди норвешки круни, односно 6,45 милијарди евра. Во однос на март, пак, бил зголемен за 8,1 отсто.

Извозот во април на годишно ниво паднал за 17,5 отсто, а увозот се зголемил за 6,9 отсто.

Остриот пад на извозот е резултат од остриот пад странските побарувачки на природен гас, за дури 42,6 отсто. Извозот на сирова нафта, пак, пораснал за 3,8 отсто.

Кога ќе се исклучат гасот и нафтата, извозот во април бил зголемен за 10 отсто во однос на истиот минатогодишен месец. На месечно ниво пораснал за 9,5 отсто во однос на истиот лански месец,

На месечно ниво вкупниот норвешки извоз паднал во април за 10,4 отсто, а увозот за 23,3 отсто.

И кога ќе се исклучат гасот и нафтата, Норвешка во април забележала кусок и во трговскиот биланс од 22,8 милијарди норвешки круни, што е за 20,6 отсто помалку отколку во март.