
Денвер нагетс ноќеска ги совлада Лос Анџелес лејкерс во првиот натпревар од финалето на Западната конференција на НБА со 132:126.
Најдобар играч во победничката екипа беше Никола Јокиќ кој стигна до трипл-дабл, 34 поени, 21 скок и 14 асистенции.
Во поразениот тим се истакна Ентони Дејвис со 40 поени и 10 скока.
Вториот натпревар во серијата ќе се одигра на 19 мај исто така на теренот на Денвер.
За вечер во 2:30 часот по полноќ е закажан почетокот на финалната серија во Источната конференција во која ќе се соочат Бостон селтикс и Мајами хит.