Киев му порачал на кинескиот претставник дека нема да се согласи со територијални отстапки на Русија

(Photo by Fabrice COFFRINI / AFP)

Украинскиот министер за надворешни работи му рекол на кинескиот претставник на разговорите во Киев во средата дека Украина нема да прифати какви и да се предлози за прекин на војната со Русија коишто би вклучувале губење територии или замрзнување на конфликтот.

Ли Хуи, специјалниот претставник на Кина за евроазиски прашања и поранешен амбасадор во Русија, во вторникот и средата ја посети Украина и се сретна со шефот на украинската дипломатија Дмитро Кулеб, се вели во соопштението на украинското Министерство за надворешни работи.

Тоа е прва посета на Киев на висок претставник на Кина, која има сѐ посилни врски со Москва од почетокот на руската инвазија на Украина во февруари 2022 година.

„Кулеба детално го информираше специјалниот пратеник на кинеската влада за принципите на враќање на одржливиот и праведен мир заснован на почитување на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина“, соопшти Министерството.

„Тој истакна дека Украина не прифатила никакви предлози кои вклучуваат губење на територија или замрзнување на конфликтот“, се вели во соопштението.

Се очекува кинескиот претставник да разговара и со официјални претставници во Русија, Полска, Франција и Германија.