Во вечерашното гостување на емисијата „Анализа 24“ на Телевизија 24 пратеникот од СДСМ Дарко Каевски призна дека договорот со „Бехтел и Енка“ за изградба на коридорите ќе чини повеќе, а државата ќе плаќа пенали, а во исто време имаме незапочната изградба.
Посочи дека доколку законските измени кои се наоѓаат во Собранието не бидат донесени граѓаните ќе плаќаат 150 милиони евра повеќе за изградбата на коридорите кон „Бехтел и Енка“.
„150 милиони евра ќе чини повеќе проектот со „Бехтел и Енка“ за изградба на коридорите 8 и 10Д ако не се донесат 5-те закони“, рече Каевски.