Поранешниот градоначалник на Игуала осуден на 92 години затвор

Поранешниот градоначалник на Игуала, град на југот на Мексико, 62-годишниот Хозе Луис Абарка е осуден на 92 години затвор поради грабнување на шест лица во 2013 година.

Абарка е прогласен виновен за грабнувањето на шест видни граѓани во мај 2013 година во неговата општина. Меѓу нив бил и Артуро Ернандез Кардона, водач на селската организација кој неколку месеци подоцна бил најден мртво.

Против поранешниот градоначалник на Игуала се води и истрага за случајот на исчезнувањето на 43 студенти во 2014 година.

Станува збор за „случајот Ајотзинапа“, односно за мексикански учителски колеџ од кој во септември 2014 година исчезнаа 43 студенти. Таа ноќ студентите од Ајотзинапа дошле во Игуала за да продолжат со автобуси кон мексиканската престолнина Сиудад де Мехико за да учествуваат на протестите. Меѓутоа, биле нападнати од вооружени лица.

Според официјалната истрага, младите луѓе ги привела локалната полиција во спрега со локалната банда од нарко-картелит Герерорс Унитед, а потоа ги егзекутирале и ги спалиле нивните останки од засега нејасни причини. Досега било можно да бидат идентификувани останките на само три жртви.

Абарка беше уапсен во ноември 2014 година, поради сомневања дека токму тој го наредил грабнувањето на студентите и од тогаш е во затвор. Мексиканскиот суд во август минатата 2022 година издаде 83 налози за апсење, а кој крајот на март годинава уапсени беа девет полицајци поради сомневање во нивната одговорност во случајот.