Поплавите кои усмртија девет луѓе во северниот италијански региони Емилија-Ромања нанесоа штета од неколку милијарди евра, особени во земјоделството бидејќи се поплавени полињата, соопштија во четвртокот тамошните власти.
„Размерите на уништувањата може да се споредат со земјотрес“, изјави Стефано Боначини, претседател на регионот Емилија-Ромања за телевизијата RAI 3.
Според здружението на земјоделците Coldiretti, под вода се повеќе од 5.000 фарми во регионот кој е познат и како „овошната долина“ која претрпи големи штети во силниот земјотрес од 2012 година.
Се очекува дека владата во Рим следната седмица ќе издвои 20 милиони евра за Емилија-Ромања, покрај десет милиони евра кои веќе се доделени како одговор на претходните поплави на почетокот од мај.
Седмицава повеќе од илјада луѓе беа евакуирани поради бурата и обилните врнежи во областа меѓу градовите Болоња и Римини на брегот на Јадранското Море.
Повеќе од 20 реки се излеале од коритата, предизвикувајќи поплави и стотици свлечишта. Телото на една од жртвите е најдено на плажа во местото Кесенатоко, откако поплавата го однела на 20 километри од домот.
Неделната трка за Големата награда во класата Формула 1 во Имола е откажана за да се намали притисокот врз итните служби, а концертот на американската музичка ѕвезда Брус Спрингстин во Ферара во четвртокот вечерта би требало да се одржи според планот.
Жителите на градот Кастел Болоњезе крај Равена во четвртокот утрото беа принудени да ги чистат водата и калта. Се жалат дека биле сведоци на стравични призори и дека им се нанесени големи штети.
На почетокот од мај најмалку две лица загинаа во Емилија-Ромања во бура.
Обилните дождови следеа по повеќемесечната суша која ја испости земјата, смалувајќи ја способноста да ја впие водата, сметаат метеоролозите.