Леброн Џејмс не го доведува во прашање настапот во третиот натпревар

Во последната четвртина од втората средба од финалето на Западната конференција на НБА лигата меѓу кошаркарите Денвер Нагетс и Лос Анџелес Лејкерс полесно се повреди Леброн Џејмс, ѕвездата на клубот од Лос Анџелес.

Џејмс во таа прилика му згазна на стапалото на ривалот Арон Гордон и го повреди скочниот зглоб. Тој го одигра остатокот од натпреварот, но прашање беше дали нешто ќе му се случи на Џејмс откако ќе се олади повреденото место.

„Ништо не може да ме спречи да настапам на третиот натпревар. Ќе бидам целосно подготвен. Сигурно дека не може да ме сопре мала повреда“, јасно кажа Џејмс, кој на втората средба, но и вториот пораз од неговите ЛА Лејкерс, забележа 22 поени, десет асистенции и девет скока.

По натпреварот, глуждот на Џејмс беше завиткан во крпа, а тренерот на Лејкерс, Дарвин Хем беше нешто поодмерен во изјавата за повредата.

„Ќе видиме што ќе се случи. Го проверивме Леброн и ќе ја следиме ситуацијата. Но, јасно ми е дека тешко можеме да го задржиме надвор од оваа серија“, рече Хм.

Третиот натпревар, чиј домаќин е Лос Анџелес, се игра ноќта од сабота кон недела по средноевропско време.