Бајден „нестрплив“ да се сретне со Зеленски

Американскиот претседател „нестрпливо“ го очекува состанокот со украинскиот претседател Володомир Зеленски на самитот на седумте индустриски најразвиени земји во светот во јапонскиот град Хирошима, откако го отвори патот за испорака на борбените авиони „F-16“ на Украина за да се брани од руската инвазија, најави Белата куќа.

Бајден, покрај со Зеленски, во недела ќе одржи и заеднички состаноци и со претседателите на Јужна Кореја и на Јапонија, објави американски функционер, пренесува агенцијата Reuters.

Билатералниот состанок на Бајден со Зеленски е предвиде по 14 часот по локално време, рекол советникот на Белата куќа за национална безбедност, Џо Саливан, пренесе агенцијата AFP .

По доаѓањето на самитот на Г7 во Хирошима, Зеленски одржа низа билатерални состаноци, во настојувањата да издејствува уште поголема воена помош за Украина, или во напорите некои земји да ги принуди да се изрично да се дистанцираат од Русија.

Зеленски во Хирошима се сретна со индискиот премиер Нарендра Моди, чија земја е воздржана во однос на руско-украинската војна и повеќекратно ја зголеми трговската размена со Русија по воведувањето на западните санкции. Ден претходно Зеленски пристигна од Саудиска Арабија каде беше на самитот на Арапската лига, каде што исто така бараше поддршка од овој дел од светот кој ги отфрла притисоците за јасна осуда на руската инвазија во Украина и тесно соработува со Москва и на економски и на геополитички план.

Бајден во петокот им соопшти на своите западни колеги дека САД ќе ја поддржи обуката на украинските пилоти за управување со ловците „F-16“ од американско производство. Тоа во Киев беше веднаш оценето како сигурен сигнал, како и во случајот со испораките на западните тенкови, дека многу скоро ќе ги добијат и овие борбени авиони. Тоа е „историска одлука“, коментираше Зеленски.

Вашингтон, така ја поддржа иницијативата на Велика Британија и Холандија за формирање „меѓународна коалиција“ за подготовка на украинските пилот и испораки на авионите „F-16“. Но таа обука ќе трае со месеци во коишто западните земји ќе договорат календар за испораки на своите авиони, нивната бројка, како и од кои земји тие ќе бидат испорачани, рече Саливан.

Притоа Саливан инсистираше дека доктрината на САД „не е променета“, кога станува збор за руско-украинската војна.

„Нашиот пристап кон испораките на оружје, опрема и обука на Украинците го следи барањето на судирот“, рече Саливан.

Авионите „F-16“ се дел од вооружувањето за коешто западните воени стратези процениле дека ѝ е потребно на Украина „во иднина“ како „средство за одвраќање и одбрана од секаква руска агресија“ и се однесува и на периодот по моменталните потреби врзани со противофанзивата којашто Киев ја подготвува уште од зимата.

Белата куќа инсистира на американскиот став дека со испораката на воена помош на Украина „Соединетите држава не ги олеснуваат и не ги поддржуваат нападите врз руска територија“. „Украинците постојано истакнуваат дека се подготвени да го почитуваат таквиот став“, рече Саливан.

 

Продорноста на Кина

Претседателите на САД, Јужна Кореја и Јапонија ќе разговараат за продлабочување на трипартитната соработка на нивните земји што вклучува воена „интероперабилност“, изјави висок американски функционер.

Тема на разговорите ќе биде економскиот притисок врз Кина со којашто се соочуваат сојузниците, според американскиот претставник кој говорел за Reuters.

Додал дека Вашингтон се надева дека Пекинг ќе ја „послуша пораката“ од учесниците на самитот на Г7 кои ја повикуваат Кина да го искористи своето влијание „да ја примора Русија да ја прекине агресијата врз Украина“.

Во својата прва реакција на заклучоците во однос на Пекинг, кинеското Министерство за надворешни работи во саботата во соопштение ја критикуваше изјавата на Г7 и протестираше против Јапонија како организатор на собирот. Од Пекинг соопштија дека Г7 ја игнорира загриженоста на Кина, како и дека ја напаѓаат и се мешаат во нејзините внатрешни работи, вклучително и во однос на Тајван.