
Денеска нè очекува нестабилно време. Претпладне ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, а попладне се очекуваат локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме проследени со силен ветер и услови за изолирана појава на град. Температурите ќе се искачат до 29 степен.
Во Скопје претпладне сончево и топло со мала до умерена облачност, попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурите ќе се искачат до 26 степен.