
Македонските граѓани кои ќе сакаат да останат во земјите од Шенген зоната подолго од 90 дена, од утре ќе мораат да дадат отпечаток од сите прсти на двете раце и дигитална фотографија.
Овие промени не се поврзани со системот за визна либерализација, туку се однесуваат само на апликациите за виза за подолг престој во земјите на ЕУ.
Објаснувањето од ЕУ е дека тоа е дел од модерниот визен информативен систем и со давање на отпечатоци од прстите, се заштитуваат граѓаните од крадци на идентитети и фалсификување на патните исправи.
Оваа мерка од четврток ќе се применува и на Турција, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора и Србија.