
Град Скопје, како резултат на неспособноста на локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ, има долг од три милиони евра, но има и блокирана сметка и се ближи кон целосен банкрот, велат во соопштението на СДСМ.
СДСМ нагласува дека најголемата единица на локалната самоуправа со убедливо најголем буџет од 100 милиони евра, ВМРО-ДПМНЕ ја доведе до состојба на нефункционалност и пред банкрот.
Потрошија над 100 милиони евра народни пари и го донесоа Скопје пред банкрот, а банкрот значи целосен распад на системот на Градот.
Од СДСМ побараа од ВМРО-ДПМНЕ денеска на седница на Советот на Град Скопје посветена на актуелната финансиска состојба да одговори каде се парите.
Граѓаните се разочарани од неспособната градска власт на ВМРО-ДПМНЕ кое го има претседателот на Советот, мнозинството во Советот и мнозинството во управните и надзорните одбори на скопските јавни претпријатија.
Скопје и скопјани не заслужуваат ваква неодговорна градска власт, се вели во соопштението на СДСМ.