Актуелната криза на северот на Косово ја предизвика Приштина. Односно, како што поранешниот шведски премиер и поранешен висок претставник за БиХ, Карл Билт, го објасни своето видување на проблемот. Тој на Твитер објави дека првите чекори со кои започна циклусот на ескалација беа направени од страна во Приштина. После тоа, сè тргна надолу и сега е навистина лошо.
Да потсетиме, шведскиот политичар Карл Билт е добро запознаен со состојбите на Балканот. Тој не се двоумеше да го каже своето мислење дури и кога тоа беше спротивно на официјалната политика на Западот. Како мировен посредник на Европската унија за поранешна Југославија, во 1995 година ги осуди воените дејствија на Хрватска, поради што во таа земја беше етикетиран како „персона нон грата“.
There is plenty of blame to go around for the new crisis in northern 🇽🇰, but the first steps that started the cycle of escalation was taken by the Pristina side. Then it’s been downhill from there. And now it’s really bad. https://t.co/IBLPeTByZf
— Carl Bildt (@carlbildt) May 29, 2023