Теоријата за бегство на ковид-19 од лабораторија сѐ уште има важност, оцени кинески научник

Можноста дека пандемијата на ковид-19 започнала со истекување на коронавирусот SARS-CoV-2 од лабораторија не смее да се отфрли порано еден од водечките кинески научници.

Ставот на вирологот и имунолог Џорџ Гоа е спротивен на тврдењата на кинеската влада која отфрла каква и да е можност вирусот да побегнал од лабораторијата во Вухан, подигната во соработка со САД и Франција, каде наводно биле проучувани коронавирусите.

Гао, поранешен шеф на кинескиот Центар за контрола на заразните болести, за радиото BBC 4 вели дека „Мора секогаш да се испитува сѐ. Тоа е наука. Не отфрлајте ништо“.

Тој сега е претседател на кинеската Национална фондација на природните науки, откако минатата година замина од Центар за контрола на заразните болести каде играше важна улога во одговорот на пандемијата и истрагата за потеклото на вирусот.

Кинеската амбасада во Велика Британија за BBC изјавило дека теоријата за бегството на вирусот од лабораторијата ги шират „антикинеските сили“, и дека таа е „политички мотивирана и научно неоснована“, пренесува германската новинска агенција DPA.

Оваа теорија во февруари ја заговараше и директорот на американското Федерално биро за истраги (FBI), Кристофер Вреј, кој рече дека вирусот „многу веројатно“ така се проширил, иако меѓу американските разузнавачки агенции и натаму не постои консензус по ова прашање.

Директорот на Светската здравствена организација (СЗО – WHO), Теодрос Аденом Гебрејесус во март изјави дека сите хипотези за потеклото на вирусот „остануваат на масата“.

„Сакам да бидам јасен околу тоа дека СЗО не се откажува од плановите да го идентификува потеклото на ковид-19“, рече тогаш Тедрос за Sky News.

Весникот The New York Times, исто така во февруари, објави дека американското Министерство за енергетика, исто така, заклучило дека истекувањето од лабораторија е најверојатниот причинител на пандемијата, но потврдило дека нема цврсти докази за таквото тврдење по истражувањата на документите и патогените во неговите лаборатории.