„Смрдливи бедници, што правите? Шупци! Ги вадите газовите од канцеларијата во која сте ставени да ја браните оваа држава. Вие сте министерство за одбрана а не правите ништо да одиме напред. Зошто, по ѓаволите, допуштате овие дронови да летаат во Москва?“
Вака им се обрати шефот на платеничката група Вагнер, на руските власти. Евгениј Пригожин е еден од многумината кои реагират на нападот со дронови кој направи штети врз неколку згради во населби во Москва утринава за кој Кремљ ги уверуваше граѓаните дека „не постои закана“ и дека руската противвозудшна одбрана работи како што треба, пренесува Индекс.
Terrorist Prigozhin commented the drone attack on Moscow region in his traditional diplomatic style.
His main points: a) the drones will burn residences of authorities at [elite realty town] Rublevka – that's fine;
b) Russian people should have some difficult questions for… pic.twitter.com/fo4g5ZmWNY
— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) May 30, 2023
Пригожин со погрдни зборови го критикуваше руското Министерство за одбрана:
– Што треба да прават обичните луѓе кога ќе видат беспилотни летала со експлозиви како летаат кон нивните прозорци? Како граѓанин, длабоко сум огорчен што овие гомнари седат мирно и консумираат фотелји со нивните дебели магариња, кои се намачкани со скапи креми – продолжи тој бесно.
– И затоа мислам дека луѓето имаат целосно право да им ги поставуваат овие прашања на овие ѓубриња. Предупредив многу пати претходно, но никој не сака да слуша. Лут сум и тоа ги вознемирува бирократите кои живеат одличен живот – нагласи првиот човек на Вагнер.
Додека руското Министерство за одбрана потврди дека само осум беспилотни летала биле вклучени во нападот, локалните извештаи укажуваат на многу поголема бројка. Најмалку еден руски пратеник рече дека денешниот настан може да значи дополнителна ескалација на конфликтот.
UJ-22 Airborne, you? One of the types of drones spotted in #Moscow is similar to an attack drone manufactured by #Ukrjet. He covers up to 800 kilometers and already visited the Moscow suburbs in February. A total of ~30 drones terrorized Moscow and the region in the morning pic.twitter.com/0F5cagETgX
— J.We’ll see (@julia791979) May 30, 2023
#Russian media shows the location of an alleged drone strike near the 25th floor on Atlasova Street in New #Moscow. pic.twitter.com/Y93sNL0W95
— NEXTA (@nexta_tv) May 30, 2023
– Москва беше изложена на напад со беспилотно летало од страна на украинската терористичка влада – изјави рускиот пратеник Олег Нилов на новинарите, нагласувајќи дека „тактичкото нуклеарно оружје нема да остане долго покриено“.
Во нападот беа погодени неколку згради во елитни населби во Москва, а рускиот претседател Владимир Путин рече дека мета на нападите биле цивили.