Германија ѝ нареди на Русија да затвори четири од петте руски генерални конзулати во таа земја до крајот на годината, како контрамерка на неодамнешната одлука на руските власти да го ограничат бројот на вработени во германските дипломатски и културни институции во Русија, беше објавено во средата.
„Германската влада одлучи да ја повлече работната дозвола за четири од петте руски конзулати во Германија“, се вели во краткото соопштение на Министерството за надворешни работи.
Во саботата Русија донесе одлука да воведе „горна граница“ за вработените во германските институции во Русија како што се дипломатските претставништва, училиштата и културните институти. Русија пред неколку години, откако западните земји започнаа со масовни протерувања на руските дипломати, одговори со соодветни протерувања на странските дипломати и со забрана за руските државјани да работат во странските мисии.
„Со тоа, вкупното германско присуство во Руската Федерација е намалено на 350 лица“, соопшти германското Министерство за надворешни работи. Во соопштението за печатот се наведува дека со овој потег Москва отишла „во насока на ескалација“ и дека Германија „со однесувањето на Русија е доведена до ваква ситуација“.
Најверојатно амбасадата и конзулатот во Берлин ќе останат отворени, додека генералните конзулати во Бон, Хамбург, Франкфурт и Лајпциг ќе бидат затворени.
Како што е најавено, Германија ќе ги задржи својата амбасада и конзулат во Москва и генералниот конзулат во Санкт Петербург.
Односите меѓу Русија и Германија, некогаш најголемиот купувач на руска нафта и гас, се влошија по инвазијата на Украина во февруари 2022 година, а Западот одговори со засилување на санкции против Москва и испораките на оружје за Киве започнати уште во 2014 година.
Германија планира да отпушти голем број вработени кои работат во нејзините мисии во Русија, откако Москва воведе ограничувања на бројот на луѓе на кои им е дозволено да работат во земјата, вклучувајќи ги наставниците и персоналот во Институтот Гете.