
Претседателот на САД, Џо Бајден се сопна и падна откако ја врачи диплома на церемонијата на дипломирање во Академијата за воздухопловни сили на САД, јавува Ројтерс.
80-годишниот американски претседател брзо се исправил со помош на три лица и се вратил на своето место без помош.
Додека на Бајден му помагаа да стане, тој покажа зад него од што се сопнал.
Директорот за комуникации на Белата куќа Бен ЛаБолт на Твитер објави дека Бајден е добро.
„Имаше вреќа со песок на сцената кога се ракуваше“, објасни тој.