![suarez i mesi](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2023/06/suarez-i-mesi.jpg?resize=696%2C391&ssl=1)
Аргентинската мегаѕвезда Лионел Меси одлучи кариерата да ја продолжи во Интер Мајами и предизвика вистинска еуфорија преку Атлантикот. Цените на билетите скокнаа повеќе од десет пати, а сите со нетрпение го очекуваат неговиот прв натпревар во дресот на новиот клуб. Но, и тоа не е сѐ.
Интер Мајами подготвува уште неколку изненадувања за фановите, и тоа по сугестија на Меси. Во Мајами треба да пристигнат неговите одлични пријатели и поранешни соиграчи од Барселона, Луис Суарез и Серхио Бускетс.
Во завршни преговори со раководството на Интер Мајами е и Херардо Тата Мартино, кој треба да го преземе кормилото на тимот.