Неколку повредени во напад со екслозивна направа на погреб во Германија

Неколку лица се повредени откако екслозивна нарпава е фрлена врз маса од 500 луѓе коишто во петокот се собрале на погран во градот Алтбах на југозападот од Германија.

Полицијата, сојузниот оддел за криминални истраги и канцеларијата на сојузниот обвинител објавија поединости од нападиот во петокот доцна ноќта. Според полицијата, 23-годишен маж се приближил и фрлил непознат објект во масата луѓе.

Пет лица се полесно повредени и пружена им е медицинска помош во болница. Присутните на погребот тргнале во потера по осомничениот и го претепал толку, што морал да биде хоспитализиран.

Полицијата примила неколку итни повици со дојава за експлозија, а на кои одговориле голем контингетн на полициските сили, итната медицинска помош и пожарникарската служба.

Во првиот момент се зборувало за двајца осомничени, а вечерта е започната истрагата чијашто цел е да се утврди дали во инцидентот биле вклучени и други лица или не.

Заднината на нападот е сосема нејасна и непозната. Полицијата не исклучува поврзаност со низа престрелки во истата сојузна покраина Баден-Витемберг, а истрагата ја преземале во Сојузното биро на криминалистичката полиција.

Дваесетгодишното момче, на чијшто погреб се случил нападот, загинало во железничка несреќа минатата седмица, а полицијата во тој случај ја исклучи можноста од постоење кривично дело.