Во Сомалија 27 загинати во експлозија на граната, напад врз ресторан во Могадишу

Во експлозија на минофрлачка граната во близина на сомалискиот град Корлјолеј, во регионот Долна Шабела во петокот загинале 27 лица, главно деца, а уште 53 други се ранети, додека во напад во лускузен ресторан во сомалиската престолнина Могадишу ранети се најмалку седум лица, пренесуваат тамошните медиуми.

Функционери и жители на областа Долна Шабела изјавиле за Reuters ека бројот на мртвотѕе во експлијата од гранатата бил 20 лица.

„Оваа трагедја се случи во близина на градот Корјолеј. Се играле со неексплодирана минофрличка граната. Експлодирала на нив. Дваесет загинаа, а другите се повредени. Бараме од владата и хуманитерните агенции да ги отстранат мините од оваа област“, изјавил за новинарите Абди Ахмед, заменик на началникот на округот.

Жителите рекле дека неексплодираните гранати, со кои се играле децата, ги користеле завојуваните страни во Сомалија.

Истовремено, милитантите од џихадистичкото движење ал-Шабаб ја преземаа одговорноста за нападот во луксузен ресторан во главниот град Могадишу во петокот доцна вечерта, во кој се ранети најмалку седум лица. Нападот во популарниот ресторан „Pearl“ во хотел на плажата се случил во петокот рано вечерта.

„Безбедносните сили спроведуваат операција на неутрализација на милитантите на ал-Шабаб кои нападнаа цивили во хотелот на плажата Лидо во Могадишу“, објави сомалиската службена новинска агенција на TWitter и додаде дека многу цивили се спасени од местото на нападот и дека операцијата е во тек.

Агенцијата подоцна објави снимки на кои се гледаат војници во ресторанот, како одговараат на нападот. Еден војник стои покрај стаклена врата со дупка од куршум, додека крај него лежат сандали и детска лопатка.

Вработен во соседн ресторан на нападнатиот Хусеин Мохамед за Reuters изјавил дека слушнал експлозија проследена со истрелеи кога започнал нападот. Додал дека целата област е опколена од безбедносните сили.

Абдикадир Абдирахман, директор на службата за итна медицинска помош, изјавил дека во текот на вечерта примиле седум ранети лица од споменатиот ресторан.