
Почитувани, денеска на мое задоволство на покана на Зоран сум во село Куклиш заедно со земјоделската задруга Веге Фреш на дегустација на квалитетниот македонски зеленчук.
Оваа посета практично е афирмација на македонскиот зеленчук затоа што во минатото, пред недела две, бевме сведоци како власта дозволува увоз на зеленчук кој што е загаден со пестициди и тешки метали. И токму оваа посета и афирмација на македонскиот зеленчук е да им посочиме на сите македонски граѓани да купуваат македонски земјоделски производо затоа што се побезбедни и затоа што нашите земјоделци знаат да произведат квалитетен производ кој што практично е и по евтин на пазарот.
Тоа е обврска каде што можеме и мораме да ги помогнеме сите земјоделци и нормално еден апел до власта во иднина да даде поголем акцент на македонските производи, а не она што значи увоз на неквалитетна храна која што пред се е штетна за граѓаните.